• среда, 08 мај 2024

ИДФ: Приоритет е да се елиминираат водечките членови на Хамас

ИДФ: Приоритет е да се елиминираат водечките членови на Хамас

Тела Авив, 10 октомври 2023 (МИА) - Ликвидирање на високи членови на палестинската милитантна група Хамас е главен приоритет за израелските одбранбени сили (ИДФ), изјави портпаролот на ИДФ Даниел Хагари.

„Нема да запреме во нашите напори да ги елиминираме високите функционери на Хамас, тоа е наш врвен приоритет“, рече Хагари, откако синоќа во израелските воздушни напади беа убиени двајца високи членови на Хамас, додавајќи дека израелските војници се уште трагаат по терористите во јужен Израел, пренесува Тајмс оф Израел.

Тој истакна дека денеска во овие потраги во различни израелски градови на југот на земјата се убиени девет терористи.

„Директивата до силите е јасна - пронајдете ги терористите и уништете ги“, рече Хагари.

Тој истакна дека освен тоа, само во Кибуц Бери биле пронајдени телата на сто и тројца терористи, откако во тој кибуц (земјоделска комуна во Израел) убиле повеќе од сто Израелци. ссм/

фото: 

Остани поврзан