• недела, 22 декември 2024

ИДФ погодиле пансион во јужен Либан во кој престојувале медиумски работници, тројца загинати

ИДФ погодиле пансион во јужен Либан во кој престојувале медиумски работници, тројца загинати

Бејрут, 25 октомври 2024 (МИА) - Во израелски напад рано утринава, најмалку тројца медиумски работници се убиени во пансион во кој престојувале уште неколку други новинари, јавуваат либанските медиуми.

Во нападот на ИДФ загинале снимател и инженер кои работеле за проиранскиот медиум Ал-Мајадин и снимател кој работел за телевизијата Ал-Манар на Хезболах.

Другите новинари изјавиле дека во нападот директно бил погоден бунгаловот во кој спиеле членовите на споменатите медиуми, пренесуваат британските медиуми.сд/

фото:ЕПА

Остани поврзан