• недела, 22 декември 2024

ИДФ: Повеќе од 500 војници загинаа од почетокот на војната

ИДФ: Повеќе од 500 војници загинаа од почетокот на војната

Тел Авив, 28 декември 2023 (МИА) - Повеќе од 500 израелски војници се убиени од почетокот на војната против Хамас на 7 октомври, соопшти израелската армија (ИДФ).

ИДФ соопшти дека повеќе од 160 војници биле убиени од почетокот на копнената офанзива во Појасот Газа кон крајот на октомври.

Од почетокот на таа операција, околу 900 војници се ранети, а војниците се бореле во близок контакт со борците на Хамас, јавува Би-Би-Си.

Израел соопшти дека нема да ја прекине својата одмаздничка кампања во Газа додека не го уништи Хамас.

Најмалку 1.200 луѓе беа убиени кога Хамас го нападна Израел на 7 октомври, а околу 240 луѓе беа земени како заложници. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан