• понеделник, 23 декември 2024

ИДФ: Во Газа вчера влегле рекордни 468 камиони со помош

ИДФ: Во Газа вчера влегле рекордни 468 камиони со помош

Ерусалим,10 април 2024 (МИА) – Во последните три дена во Појасот Газа влегоа над 1.200 камиони со хуманитарна помош, од кои само вчера 468, што претставува најголем број камиони со хуманитарна помош од почетокот на војната меѓу Израел и палестинскиот Хамас, соопшти израелската армија (ИДФ).

Ова доаѓа во време кога Израел е под зголемен меѓународен притисок да достави поголема помош за гладните цивили во Газа.

„Овие 468 камиони што ја поминаа проверката и пристигнаа во Газа претставуваат најголем број камиони со помош што влегле во еден ден од почетокот на војната, соопшти армијата.

Службата на израелското Министерство за одбрана, која ги координира цивилните активности на армијата на палестинските територии, објави дека во енклавата во неделата влегле 322 и во понеделникот уште 419 камиони.

Според агенцијата на ОН за палестински бегалци, УНРВА, во март во Газа влегувале во просек по 150 камиони дневно, што е многу помалку од 500 камиони дневно што влегувале на територијата пред војната што започна на 7 октомври со нападот на Хамас врз јужен Израел. .

Со недели меѓународните организации и САД вршат притисок врз Израел да ги отвори премините кон северот на палестинската територија, каде што е најтешка хуманитарната криза.

Израелската армија соопшти дека од 468 камиони што вчера влегоа во Газа, 47 биле наменети за северот на територијата. сд/

фото:МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан