• недела, 30 јуни 2024

Игуаин објасни зошто никогаш нема да стане тренер

Игуаин објасни зошто никогаш нема да стане тренер
Торино, 18 август 2020 (МИА) - Напаѓачот на Јувентус, Гонзало Игуаин призна дека нема да започне со тренерска кариера. -Нема да станам тренер заради менталниот и психолошкиот стрес кој е неизбежен во оваа професија. Сите тренери доаѓаат во тимот со своја боја на коса и по три години тие стануваат седи, изјави Игуаин. Минатата сезона, 32-годишниот напаѓач одигра 32 натпревари во Серија А, во кои постигна осум гола и направи четири асистенции. зс/

Остани поврзан