• петок, 11 октомври 2024

Иван Иван прв играч во историјата на НХЛ со исто име и презиме

Иван Иван прв играч во историјата на НХЛ со исто име и презиме

Лас Вегас, 10 октомври 2024 (МИА) - Чешкиот хокеар на Колорадо, Иван Иван стана првиот играч во историјата на НХЛ чие име и презиме се сосема исти.

Дваесет и двегодишниот хокеар дебитираше за Колорадо ноќеска во натпреварот од регуларниот дел од сезоната 2024/25 против Вегас.

Иван Иван помина 9 минути и 44 секунди на мразот.

Чешкиот хокеар не беше драфтуван во НХЛ. Во пролетта 2024 година, Иван потпиша двегодишен договор со Колорадо. зс/

Фото: Фејсбук НХЛ 

Остани поврзан