• петок, 17 мај 2024

Ивановски со пад од четири позиции на АТП ранг-листата, Ѓорческа напредуваше три места на ВТА рангирањето

Ивановски со пад од четири позиции на АТП ранг-листата, Ѓорческа напредуваше три места на ВТА рангирањето

Лондон, 12 февруари 2024 (МИА) – Најдобриот македонски тенисер, Калин Ивановски има пад од четири места на најновата АТП ранг-листа објавена денес. Со 145 поени Ивановски се наоѓа на 345. место. 

Од другите македонски тенисери кои имаат пласман на АТП листата, Горазд Србљак е рангиран на 1069. место со 10 поени, додека Обрад Марковски е на 1609. место со два поена.

На ВТА рангирањето, најдобра Македонка е Лина Ѓорческа која има скок од три места и сега е 239. со 312 поени.

Напредок од пет места има и Магдалена Стоилковска, таа со девет поени се наоѓа на 1211. место. зс/

Остани поврзан