• вторник, 05 ноември 2024

Ивановски постави нов македонски рекорд во маратон

Ивановски постави нов македонски рекорд во маратон

Скопје, 4 декември 2023 (МИА) - Македонскиот атлетичар Дарио Ивановски постави нов национален рекорд во маратон, истрчувајќи ја изминатиот викенд во Валенсија, патеката во должина од 42,2 километри во време од 2 часа, 11 минути и 53 секунди.

Ова постигнување е подобро од претходното за повеќе од шест минути, остварено на 15 мај 2022 година во Копенхаген (2:18.12).

Честитки за остварениот резултат, олимпискиот стипендист Ивановски доби од Македонскиот олимписки комитет (МОК).

- Дарио ја има целосната и безрезервна поддршка на МОК уште од 2016 година, а истата ќе продолжи и во иднина. Силно веруваме дека тој, своето најдобро ќе го прикаже на Олимписките игри во Париз 2024, соопшти МОК. ег/бд/

ФОТО: МОК

Остани поврзан