• петок, 05 декември 2025

Ивановски полуфиналист на фјучерсот во Загреб

Ивановски полуфиналист на фјучерсот во Загреб

 

Загреб, 27 јуни 2025 (МИА) – Македонскиот тенисер Калин Ивановски се пласираше во полуфиналето на ИТФ фјучерсот во Загреб, откако денеска во четвртфиналето го победи домашниот тенисер Вито Тонејц со 2-1 во сетови (6-4, 6-7(5), 6-2).

Дуелот донесе голема борба за секој поен и одиграни вкупно 218 поени (117:101 за Ивановски) по три часа игра.

Противник на Ивановски во утрешното полуфинале ќе му биде победникот од дуелот меѓу синот на Гран Ивановишеви, Емануел Иванишевиќ и Мирза Башиќ. ег

ФОТО: МТФ

 

Остани поврзан