• петок, 22 ноември 2024

Ивановска: Обвинителството назначи лице за случаите на Антикорупциска

Ивановска: Обвинителството назначи лице за случаите на Антикорупциска

Скопје, 3 јануари 2023 (МИА) – Обвинителството конечно назначи лице задолжен да постапува по случаите што ги отвори Антикорупциската комисија, истакнува претседатката на Државната комисија за спречување на корупцијата, Билјана Ивановска.

– Точно е дека нашите пријави се доставуваат до Јавното обвинителство коешто досега многу малку, скоро ич не изреагира позитивно. Но, ете има еден зрак надеж. Неодамна воспоставивме комуникација со лице од Обвинителството кое што е назначено да соработува со Државната комисија. Тоа лице побара од нас да дадеме список на сите иницијативи дадени до Јавно обвинителство за да видат до каде се предметите. Ова е веќе еден чекор напред, кој што оди во насока на подобрување на соработката со Јавното обвинителство. Искрено се надевам дека нешто ќе се случи после ова, рече Ивановска во интервју за Канал 5.

Според Ивановска во државата има корупција, но таа треба да се докаже. Ито така, таа посочува дека корупцијата е сигнал за лошо управување со државните ресурси.

– Факт е дека постои корупција. Факт е дека постои трговија со влијание коешто најтешко се докажува. Дали имаме? Очигледно, штом постои корупција, очигледно е дека имаме. Работата е како тоа да го докажеме и како тие сомневања Јавното обвинителство да ги земе во предвид. Кога постои корупција, тоа значи дека постои сигнал за лошо управување со државни ресурси. Кој управува со државните ресурси? Тоа се државните функционери. Јас ви кажувам дефиниција – штом постои корупција, постои лошо управување со државните ресурси, вели Ивановска.

Таа потенцира дека не е задоволна од тоа како државата се справува со корупцијата.

– Како државата се справува со корупцијата, не можам да бидам задоволна, затоа и ваков е и степенот, нивото на корупцијата во државата. Не гледам дека секој од се срце се залага за нешто потивино да се случи во државата, туку секој како да си мете пред својот двор и јас за ова не сум надлежен и тука се завршува приказната, вели таа.

Ивановска смета дека изборот на Абази за почеток не влева доверба.

– Во борбата против корупцијата и со личен пример и системски. Со личен пример, секој може да придонесе, без разлика дали е функционер или обичен граѓанин. Треба да имаме луѓе кои што се отпорни на корупција, и за давање и за примање. За почеток не ни влева доверба заради тоа што ние не знаевме за каков човек се работи, односно какви резултати стојат позади него во текот на неговата кариера. Дотолку повеќе што се појавија и слики поврзани со политички ликови, така што сомнежот кај граѓаните порасна и во исто време се намали и довербата. Ако тој човек е со интегритет, тој сега има многу тешка задача. Ако тој човек е со интегритет, треба да вложи трод, дупло повеќе енергија за да докаже дека има интегритет. А, ако нема, тогаш тоа веднаш ќе дојде до израз. Она што за мене е симптоматично се јавните обвинители кои што го избрале, како тие биле уверени дека нивниот колега ќе им биде идол, рече Ивановска. фф/аа/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан