• петок, 22 ноември 2024

Ивановска: Го поздравуваме формирањето на „Оркестарот за џез музика“, но не и нивно сместување во Филхармонија

Ивановска: Го поздравуваме формирањето на „Оркестарот за џез музика“, но не и нивно сместување во Филхармонија

Скопје, 12 април 2023 (МИА) - Сместувањето на новоформираната национална установа „Оркестар за џез музика“ во објектот на Филхармонија не го поддржуваме, бидејќи се создаваат услови за едни на сметка на нарушени услови на други, истакна директорката на Филхармонија – Тина Иванова.

 

Директорката заедно со претседателот на Синдикатот на Филхармонија – Владимир Лазаревски и претседателката на Управниот одбор – Зорица Каракутовска на денешната конференција одржана во Филхармонија потенцираа дека немале ниту информација, ниту пак биле консултирани за одлуката на Министерството.

 

-Застанувам зад колективот зад единствениот став на сите вработени не само поради солидарноста, туку и поради реалната потреба, брендот на македонската култура да не биде предмет на експерименти. Оваа филхармониска генерација направивме уникатна и високо квалитетна програма така и ќе продолжиме, но овие уметници се научени да работат во различни околности, затоа што ние сме со потврден квалитет и ќе работиме под секакви околности. Но, неприродно е да се создаваат услови за едни, на сметка на нарушени услови за други, така се задира во успешноста и на едните и на другите. И пак, никаде во светот во објект со планска намена за Филхармонија не функционира џез ансамбл, посочи Ивановска.

 

На конференцијата беше истакнато дека ја поздравуваат, односно поддржуваат одлуката за фомирање на оркестарот, но дека се непријатно изненадени од нетранспарентноста на Владата.

 

Лазаревски и Каракутовска ја демантираа информацијата дека здружението за џез музичари настапувало и творело во зградата на Филхармонија седум години.

 

- Беше искажана и невситина дека здружението за џез музичари настапувало и творело во зградата на Филхармонија седум години, тоа е невистина самата концертна сала функционира пет и пол години не може тие да се седум години кога уште не беше изградена салата, изјави Лазаревски.

 

Додаде дека зградата е проектирана и замислена како објект за еден симфониски оркестар.

 

-Секоја просторија е планирана и измерена со цел ние сите вработените да можеме да ги исполниме нашите редовни обврски. Тоа значи дека во објектот има точен број на соби каде музичарите ги поминуваат работните часови групни и индивидуални, секоја соба е предвидена со специјални акустични мерења за секоја група и инструмент, во објектот имаме и четири гардероби кои се исполнети до последно место, и делот со администрацијата е исполнет и нототеката кубури со простор како и студиото. Реално не е возможно да функционираат два оркестра со годишна програма од Министерството за култура, појасни Лазаревски.

 

Најавија јавни протести доколку не се промени одлуката веќе од наредната владина седница.

 

Претходно министерката за култура изјави дека станува збор за привремено сместување и дека не отстапува од одлуката. свс/ац/

 

Фото: МИА

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан