• петок, 22 ноември 2024

Иванова освои златен медал на маратонот на Стара планина

Иванова освои златен медал на маратонот на Стара планина

Скопје, 26 август 2024 (МИА) – Македонката Дуња Иванова од клубот Енерџи победи на маратонот во планински велосипедизам кој се одржа викендот на Стара планина, Србија.

Овој натпревар беше дел од календарот на Светската велосипедска федерација - УЦИ. 

- Нешто повеќе од 60 км и висинска разлика од речиси 2.400 метри беше предизвик за сениорската конкуренција во екстремно суви услови и брутални искачувања. Со вкупно време од 5 часа и 9 минути, Иванова го заслужи златото и дополнителни 60 УЦИ поени, соопштија од Велосипедската федерација на Македонија

Второпласирана беше Бојана Јовановиќ од Србија, а за третата позиција се избори Асја Борисова од Бугарија.

Во машката конкуренција, на победничкиот подиум се искачија Мартин Фреј од Германија, Милан Нешиќ и Алекса Рајковиќ од Србија. зс/

Фото: ВФМ

Остани поврзан