• вторник, 05 ноември 2024

Иако не пееше Викторија Бекам лани добила милион фунти од обединувањето на „Спајс грлс“

Иако не пееше Викторија Бекам лани добила милион фунти од обединувањето на „Спајс грлс“

Лондон, 2 јуни 2020 (МИА) - Британската пејачка и дизајнерка Викторија Бекам заработила околу милион фунти при повторното обединување на „Спајс грлс“, и покрај тоа што таа одби да пее со групата.

Бекам добила една петтина од приходите од реклами, лиценцирани спогодби и продажби на предмети со брендот на групата. Во меѓувреме, модниот бизнис на Бекам со години не е профитабилен. Загубите на нејзината компанија за 2019 година изнесуваат 12 милиони фунти.

Бендот лани имаше турнеја со 13 концерта кои им донесоа заработка од 4,5 милиони фунти.

Инаку, Викторија и нејзиниот сопруг, поранешниот англиски фудбалер Дејвид Бекам си изградија таен подземен тунел на имотот во Англија. Тој е наменет за брзо бегство на семејството во случај на опасност.  си/сд/

Остани поврзан