• понеделник, 23 декември 2024

Зошто гасоводот „Дружба“ беше поштеден од забраната на ЕУ за руската нафта?

Зошто гасоводот „Дружба“ беше поштеден од забраната на ЕУ за руската нафта?
2 јуни 2022 Евроњуз Со тоа што војната во Украина влегува во четврти месец и не ѝ се гледа крајот, Европската Унија ги однесе санкциите против Русија на непозната територија. Во храбар потег подготвен да одекне низ глобалните пазари, 27 земји членки се согласија постепено да ја укинат руската нафта, и суровите барели и рафинираните нафтени производи, до крајот на годината. Пробивот уследи по речиси четири недели напорни преговори, што завршија на вонреден самит со високи влогови во Брисел, каде лидерите попуштија на клучното барање за што Унгарија се залагаше: целосно ослободување на испораките на нафта што течат низ цевководи. Според тоа, забраната низ ЕУ ќе биде насочена кон увозот преку море, што претставува над две третини од дневните купувања на руска нафта од блокот. Отстапувањето отиде подалеку од првичниот компромис, што сугерираше Унгарија, заедно со други земји без излез на море, да имаат дозвола за дополнителни две години, до декември 2024 година, за да го комплетираат ембаргото. Засега, ослободувањето, прогласено како „привремено“, ќе биде на сила на неопределен временски период. Договорот нуди неспорна политичка победа за унгарскиот премиер Виктор Орбан, кој цврсто стоеше на својот став и ја блокираше мерката, додека сите негови барања да се исполнат. - Унгарските семејства може да спијат мирно вечерва, изјави Орбан по завршувањето на состанокот. Тој додаде оти „предлогот на Брисел ќе беше сличен на атомска бомба, но, ние успеавме да го избегнеме“. Трајно советско наследство Во срцето на спорот е гасоводот „Дружба“, масивен канал од советската ера и моментално управуван од рускиот државен гигант Транснефт. Гасоводот, што значи „пријателство“, почна да се гради во раните 1960-ти и денес се протега на мрежа долга 5.500 километри, истурајќи ја нафтата од Урал директно во рафинериите на Полска, Германија, Унгарија, Словачка, Чешка. Дружба пумпа меѓу 750.000 и 800.000 барели сурова нафта на дневна основа и има капацитет до 1.4 милиони барели дневно. Горивото потоа се рафинира од компаниите од ЕУ во дизел, нафта, бензин, лубриканти и други стоки, што се продаваат во и надвор од блокот. Овие огромни и конзистентни количини го претворија гасоводот во центар на енергетскиот сектор во Централна Европа, градејќи цел екосистем, што одржува илјадници директни и индиректни работни места, но, истовремено, создаде висок степен на зависност од Русија. Претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен само што предложи постепено укинување на увозот на нафта и преку море и на нафтоводи, пукнатините излегоа на виделина. Унгарија, Чешка и Словачка, три земји што немаат пристап до море и во голема мера се потпираат на руската нафта, брзо изразија грижи и побараа рокови какви што одговараат, што се движат од две до четири дополнителни години, за да ги обноват нивните енергетски системи. Словачката Влада тврди дека единствената рафинерија во земјата, Словнафт, работи исклучиво со тежок тип руска нафта и дека пренамената на технологијата во полесна сурова нафта, ќе потрае половина деценија и бара инвестиции од 250 милиони евра. Користејќи слични изјави, Будимпешта стави на маса барање за 550 милиони евра за да ги прилагоди своите рафинерии, додека Прага соопшти оти треба до јуни 2024 година да го прошири капацитетот на Трансалпскиот гасовод, што овозможува транспорт на неруска нафта од поморскиот терминал во Трст, Италија. Дискусиите зад сцената се интензивираа за да ги доведат сите 27 земји до прифаќање: разговорите вклучуваа комплицирани технички прашања - како да се најдат алтернативни снабдувачи и трговски патишта, економски стравови од неизбежна рецесија и политичка анксиозност поради влијанието врз секојдневниот живот на електоратот. Сè земено, дилемата накратко се закани дека ќе го попречи трајното единство на ЕУ за време на најтешката криза на континентот во 21 век. На крај, лидерите на ЕУ, претпазливи за бескраен ќорсокак и стравувајќи од оштетување на угледот, избраа компромис и го истуркаа шестиот пакет санкции преку целта. Иако конечниот резултат е пробиен со навидум неограничено ослободување, опсегот на ембаргото за нафта, е сепак, импресивен за енергетски жеден блок: ЕУ е нафтен клиент број еден на Русија, со трговска размена, пред војната, од околу 3.5 милиони барели по ден вреден 74 милијарди евра во 2021 година. Зголемените цени на енергијата создадоа потреба за бојкот императив за ЕУ: благодарение на профитабилната продажба на фосилни горива, Кремљ успеа да ја зголеми рубљата и да регистрира вишок од 90 милијарди евра. - Ембаргото сè уште е доста позитивен чекор за Европа и покажува дека ЕУ е сериозна за санкционирање на Путин за злосторствата извршени во Украина, изјави Ана Крајинска, координаторка на нафтената кампања во Транспорт и животна средина, организација што се залага за мобилност со нулта емисија. Унгарски, словачки и чешки официјални лица, отворено го прославија договорот, изразувајќи задоволство поради тоа што нивните размислувања биле земени предвид. Во меѓувреме, Полска и Германија, што се поврзани со северен дел на Дружба, ветија дека ќе ги надминат законските обврски и постепено ќе го укинат увозот на гасоводот, покрај поморските резерви. Ако двете земји ги исполнат нивните (необврзувачки) ветувања, ЕУ ќе ја заврши 2022 година без 90 отсто од руската нафта што моментално ја купува, според проценките на Комисијата. Но, судбината на преостанатите 10 проценти што течат низ јужниот дел, сè уште е непозната. Премиерите на Холандија и Белгија признаа дека Унгарија е во тешка положба, но, сугестираа ослободувањето да се ревидира во наредните месеци, за да се намали неговото траење. Со оглед на инсистирањето на Будимпешта, се чини дека нема големи шанси Владата да сака да се отвори дискусијата, а не пак да се смени компромисот. Отсекувањето на гасоводот веќе го зголеми спектарот на нефер натпреварување: во пракса, мала група држави ќе може да добиваат сигурни залихи на нафта, додека мнозинството се бори да добие барели од други снабдувачи. - Земјите ќе уживаат конкурентска предност и тоа е ризик што треба да се земе предвид за интегритетот на единствениот пазар, за Евроњуз тврди Бен МекВилијамс, истражувачки аналитичар во Бригел. Според него, „сè уште не е јасно до кој степен Унгарија и другите ќе можат да ја рафинираат руската сурова нафта и да ја продаваат на секундарните пазари - но, ова мора да е ограничено и внимателно да се следи“. Заедничките заклучоци од самитот на ЕУ вклучуваат нејасно формулиран завет за да се обезбеди „рамноправно поле за игра“ меѓу земјите членки. Но, Брисел нема да ја види целосната слика сè додека ембаргото не биде завршено кон крајот на декември. Фактот што Русија ја нуди суровата нафта на Урал со привлечен попуст од 35 долари под реперот Брент ќе ги направи работите понезгодни за блокот, особено доколку неруските снабдувачи капитализираат од ембаргото, за да ги зголемат цените и да остварат поголем профит. Во друга значајна победа, Орбан обезбеди одредба што „во случај на ненадејни прекини во снабдувањето, ќе се воведат итни мерки за да се обезбеди сигурност во снабдувањето“, линија што ја турна, откако украинско официјално лице песимистички предупреди дека „нешто може да се случи“ на дел од Дружба, што минува низ земјата. бд/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан