• недела, 22 декември 2024

Зоран Љутков - министер за култура и туризам

Зоран Љутков - министер за култура и туризам

Скопје, 23 јуни 2024 - Зоран Љутков, кој ќе биде министер за култура и туризам е роден на 1 октомври 1977 година во Велес, Македонија.

Дипломирал на Факултетот за драмски уметности во Скопје, каде се стекнал со звање дипломиран драмски актер.

Од компјутерски вештини познава Adobe Premiere pro. Мајчин јазик му е македонскиот, а добро го познава англискиот јазик.

Во периодот од 2006 до 2024 година во НУ Драмски театар - Скопје играл во повеќе театарски улоги меѓу кои „Џерардо, Девојката и смртта“, во адаптација и режија на Васил Христов во 2017 година, „Креонт, Антигона и Креонт“ од Миро Гавран, во режија на Нела Витошевич во 2016 година, „Крал Иби“ од Алфред Жари, во режија на Андреј Цветановски во 2015 година.

Ја играл филмската улога на Турчин во „Прашина“, во режија на Милчо Манчевски во 2001 година, Мирче во „Резервни делови“, во режија на Дамјан Козоле во 2003 година, Славко во „Коски“, во режија на Милчо Манчевски во 2006 година и други.

Од 2010 до 2013 година работи како уметнички раководител во НУ. Драмски театар - Скопје.

Добивал повеќе признанија и награди меѓу кои Награда за најдобра главна машка улога од страна на Интернационален Фестивал на античка драма СТОБИ - Велес во 2021 година, Награда за најдобра машка улога од Интернационален фестивал „Гола месечина” Скопје во 2014 година, како и Награда за најдобар млад актер од Македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински - Прилеп во 2002 година. бт/дма/

Фото: МИА Архива

 

 

 

 

Остани поврзан