• среда, 27 ноември 2024

ЗОИ: Швеѓанката Сундлинг и Норвежанецот Клебо најбрзи во крос-кантри спринтот

ЗОИ: Швеѓанката Сундлинг и Норвежанецот Клебо најбрзи во крос-кантри спринтот
Пекинг, 8 февруари 2022 (МИА) - Шведската нордиска скијачка Јуна Сандлинг победи во крос-кантри спринтот во слободен стил 1,5 километри на Олимпијадата во Пекинг. Таа патеката ја помина со време 3:09.68 минути. Второто место и сребрениот медал го освои Маја Далквист исто така од Шведска со 2,88 секунди побавно време од сонародничката Бронзениот медал и припадна на Џеси Дигинс од САД која оствари време 3:12.84 минути. Во спринтот кај мажите најбрз беше норвешкиот скијач Јоханес Клебо. Пласман на првите тројца во машка конкуренција: 1. Јоханес Клебо (Норвешка) - 2:58.06 минути 2. Федерико Пелегрино (Италија) 2:58.32 3. Александер Терентев (Русија) – 2:59.37. зс/

Остани поврзан