• недела, 22 декември 2024

ЗОИ: Француските танцувачи на мраз Пападакис и Сизерон поставија светски рекорд

ЗОИ: Француските танцувачи на мраз Пападакис и Сизерон поставија светски рекорд
Пекинг, 14 февруари 2022 (МИА) – Француската натпреварувачка двојка во уметничко лизгање Габриела Пападакис и Гијом Сизерон поставија светскиот рекорд по најмногу освоени поени на Олимпијадите. Тие утринава освоија злато на Игрите во Пекинг. За двата танца, парот освои 226,98 поени. Ним им припаѓаше и претходниот рекорд поставен на Јапонското Гран при во 2019 година. Тогаш Пападакис и Сизерон добија 226,61 поен. Сребрениот медал го освои руската двојка Викторија Синицина – Никите Кацалапов со освоени 220,51 поен. Третото место и бронзениот медал отиде кај Американците Медисон Хебел – Закари Донохју. зс/

Остани поврзан