• недела, 07 јули 2024

ЗОИ: Норвешка остана лидер со убедлива предност во поредокот на освојувачите на медали

ЗОИ: Норвешка остана лидер со убедлива предност во поредокот на освојувачите на медали
Пекинг, 19 февруари 2022 (МИА) – На 24-те Зимски олимписки игри заврши претпоследниот ден по кој и натаму убедливо најуспешна земја е Норвешка. Поредок на првите шестопласирани: 1. Норвешка 15 злата+8 сребрени+12 бронзени медали 2. Германија 11+8+5 3. Кина 9+4+2 4. САД 8+9+7 5. Шведска 8+5+5 6. Холандија 8+5+4. Вкупно 22 држави имаат освоено златен медал, а 29 се имаат закитено со одличје. ЗОИ 2022 ќе бидат свечено затворено утре, откако ќе се поделат последните пет комплети медали (паралел слалом мешани тимови, боб четворосед мажи, хокеј мажи, крос-кантри маратон 30 км жени и карлинг жени. зс/

Остани поврзан