• понеделник, 23 декември 2024

ЗОИ: Германките и Норвежаните најбрзи во крос-кантри спринтот екипно

ЗОИ: Германките и Норвежаните најбрзи во крос-кантри спринтот екипно

Пекинг, 16 февруари 2022 (МИА) – Репрезентацијата на Германија во женска и на Норвешка во машка конкуренција се победници во денешните спринт трки крос-кантри екипно  на Олимпијадата во Пекинг.

Кај дамите, Германките победија со време 22:09.85 минути, пред Шведска која беше втора со заостанување од 17 стотинки и Русија која заостана 71 стотинка.

Кај скијачите, Норвежаните триумфираа со време 19:22.99 минути, односно 2,46 секунди подобар резултат од Финска и 4,29 од трето пласираната Русија.

Норвешка со 13 златни медали е лидер во поредокот на најуспешни земји на ЗОИ 2022, Германија е втора со 10 освоени најсјајни одличја. зс/

Остани поврзан