• понеделник, 23 декември 2024

ЗНМ ја поздравува одлуката на Судот да го одбие барањето за цензура на „Нечиста крв“

ЗНМ ја поздравува одлуката на Судот да го одбие барањето за цензура на „Нечиста крв“
Скопје, 20 октомври 2022 (МИА) - Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) ја поздравува одлуката на Основниот граѓански суд Скопје за донесување решение со кое се одбива барањето за одредување привремена судска мерка со кое се бараше да се наложи на тужените од страна на Судот веднаш да ги отстранат објавените содржини со наслов „Нечиста крв“, односно објавите на документарниот видеозапис со истоимениот наслов на МРТВ, јутјуб-каналот на ИРЛ и фејсбук-профилот на ИРЛ.Како што информираат од ЗНМ, ова следи по поднесената тужба против Истражувачка репортерска лабораторија од страна на докторот Жан Митрев и приватната здравствена установа – Клиничка болница Жан Митрев Скопје.- До ИРЛ беше поднесена тужба за утврдување граѓанска одговорност за клевета и надомест на нематеријална штета во вредност од 1.200.000 денари. ЗНМ во однос на ова реагираше во одбрана на правото на слобода на изразување и известување на јавноста, односно барањето да се избрише „Нечиста крв“ претставува апсурд и опасност. За овој обид за цензура ЗНМ ги извести своите меѓународни партнери Европската федерација на новинари (ЕФЈ) и Меѓународната федерација на новинари (МФН), стои во соопштението на ЗНМ. мд/аа/

Остани поврзан