• недела, 22 декември 2024

ЗНМ ги осудува заканите кон новинарот на Канал 5 Александар Видиновски

ЗНМ ги осудува заканите кон новинарот на Канал 5 Александар Видиновски

Скопје, 2 јули 2024

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) ги осудува директните закани кон колегата од Канал 5 телевизија Александар Видиновски и бара од надлежните институции да постапат по очигледната закана по безбедноста на новинарот.

Конкретно, под објавата на својот фејсбук профил на репортажа од Мала Преспа, Република Албанија за положбата на Македонците и резултатите од пописот, новинарот Видиновски доби сериозни закани од лицето Виктор Стојанов кое има забрана за влез во Македонија на неопределено време поради дејствија насочени против македонската држава. Тој го обвини Видиновски дека лажел и му се закани со притворање.

Потенцираме дека ваквите директни закани претставуваат притисок врз слободата на изразување и можат да предизвикаат страв кај новинарите и медиумските работници и да ја загрозат нивната безбедноста преку поттикнување на насилство.

Потсетуваме дека според Кривичниот закон тој што во јавноста промовира или поттикнува омраза, дискриминација или насилство, против кое било лице или група е кривично дело и ќе се казни со затвор од една до десет години.

Исто така, укажуваме дека овие закани се кривични дела за кои постои позитивна судска пракса и за кои ЗНМ во 2020 година има добиено судски случај пред Основниот кривичен суд за закани кон новинарите објавени на социјалните медиуми.

 

Здружение на новинарите на Македонија 

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан