• четврток, 09 мај 2024

Израелското знаме вечерва се проектира на зградата на Владата, Ковачевски - поддршка за Израел во овие тешки моменти

Израелското знаме вечерва се проектира на зградата на Владата, Ковачевски - поддршка за Израел во овие тешки моменти

Скопје, 9 октомври 2023 (МИА) - Знамето на Израел вечерва може да се види со светлосна проекција на зградата на Владата.

-Поддршка за Израел во овие тешки моменти. Силно и недвосмислено ги осудуваме терористичките напади на Хамас врз Израел. Нашите мисли се со израелскиот народ, со кој се солидаризираме и сочувствуваме. Апелираме за решенија преку дијалог, на светот му е потребен мир, напиша премиерот Димитар Ковачевски на Фејсбук страницата во објавата со фотографија на израелското знаме на зградата на Владата. нд/

Фото: Фејсбук Димитар Ковачевски

Остани поврзан