• петок, 22 ноември 2024

Злато за Крафт на големата скокалница на СП во Оберсдорф

Злато за Крафт на големата скокалница на СП во Оберсдорф
Оберсдорф, 5 март 2021 (МИА) – Австрискиот ски-скокач Штефан Крафт триумфираше денеска на големата скокалница во Оберсдорф, во рамки на Светското првенство во нордиски дисциплини. Крафт (27) до својата втора светска титула на големите скокалници во кариерата, стигна со скокови од 132.5 и 134 метри, кои му донесоа 276.5 бодови. Сребрениот медал го освои искусниот Норвежанец (30) Роберт Јохансон, со скокови од 129.5 и 135.5 метри (272.1 бодови), додека со бронзениот медал се закити локалниот скокач од Оберсдорф, Германецот Карл Гајгер, кој во двете серии прескокна 132 метри, освојувајќи 267.4 бодови. „Златниот“ од малата скокалница, 34-годишниот Полјак Пјотр Жила, заврши  како  четвртопласиран со 264.4 бодови (130.5 и 137 метри).ег/сд/

Остани поврзан