• петок, 22 ноември 2024

Златната топка на Марадона од 1986 ќе се продава на аукција во Франција

Златната топка на Марадона од 1986 ќе се продава на аукција во Франција


Париз, 7 мај 2024 (МИА) – Златната топка која му беше доделена на аргентинската фудбалска легенда Диего Армандо Марадона за најдобар играч на Светското првенство во 1986 година, ќе се најде на аукција во Франција во јуни, објави денеска аукциската куќа Агутес.
Ова е првата Златна топка што ќе се продава на аукција, а нејзината вредност допрва треба да се утврди. Аукциската куќа очекува да достигне милионски износ на денот на продажбата на 6 јуни.
Марадона, кој почина во 2020 година, ја освои наградата откако ја предводеше Аргентина до триумф на Светското првенство во Мексико, постигнувајќи пет голови на турнирот, на кој играше на сите натпревари без да биде заменет. Турнирот веројатно најдобро се памети по двата гола на Марадона против Англија во четвртфиналето. Првиот гол подоцна стана познат како „божја рака“, а вториот беше избран за гол на векот.
Дресот кој Диего Марадона го носеше тој ден, како и топката со која се одигра натпреварот, веќе беа продадени на аукција. ег ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан