• петок, 22 ноември 2024

Зимските олимписки игри во 2030 година ќе се одржат на француските Алпи

Зимските олимписки игри во 2030 година ќе се одржат на француските Алпи

Париз, 24 јули 2024 (МИА) - На 142. седницата на Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) во Париз, денес се прифати кандидатурата на француските Алпи за организација на Зимските олимписки игри во 2030 година. За гласаа 84 делегати, против 4, а воздржани 7.

- ИОК ја има честа да објави дека Олимписките игри во 2030 година ќе се одржат на француските Алпи, под услов да се исполнат условите утврдени од ИОК“, изјави претседателот на МОК, Томас Бах. 

Шефот на комисијата за идните игри, Карл Стос, рече дека француската влада мора да обезбеди гаранции за одржување на Олимпијадата и потврда на договорот меѓу трите региони - Евијан, Рона-Алпи и Прованса-Алпи - со француската влада. Француската делегација потврди дека овие барања ќе се спроведат кога владата ќе биде во позиција да го направи тоа.

Рокот за давање гаранции е 31 декември 2024 година.

За домаќини на Игрите во 2030 година се натпреваруваа и Солт Лејк Сити (САД), Стокхолм и Аре (Шведска).

Зимските олимписки игри во 2026 година ќе се одржат во Милано и Кортина д'Ампецо (Италија). зс/

Фото: Фејсбук ИОК

Остани поврзан