• сабота, 06 јули 2024

Зидан доби поддршка од Касиљас

Зидан доби поддршка од Касиљас
Мадрид, 4 декември 2020 (МИА) - Поранешниот голман на Реал Мадрид, Икер Касиљас се огласи по повод резултатската криза на „кралевите“. Реал по поразот од Шахтјор пред три дена се доведе во ситуација да стравува околу пласманот во плејофот на Лигата на шампионите, а заостанува зад водечките во домашното првенство. - Зидан е одличен тренер и добар пријател. Тој ќе се потруди Реал Мадрид да постигне најдобри резултати. Не можете да живеете врз база на успесите во минатото, но сепак, тој има кредит и право да го тренира Реал, истакна Касиљас. Во шпанските медиуми се појавија шпекулации дека Зидан ќе добие отказ во случај да не ја помине групната фаза во Лигата на шампионите. зс/

Остани поврзан