• петок, 22 ноември 2024

Зечевиќ: Чекориме исправени како народ и држава која опстојува на своите цели и идеали

Зечевиќ: Чекориме исправени како народ и држава која опстојува на своите цели и идеали
Скопје, 8 септември 2022
-На денешен ден пред 31 година, граѓаните на демократски и достоинствен начин го остварија вековниот сон за независна, самостојна и суверена држава.
На тој историски 8 Септември 1991 година ги реализиравме заложбите и идеалите на Илинденците и учесниците во НОБ и ги поставивме темелите и стратешките цели кои го исцртаа патот по кој ќе чекори државата.
Станавме почитувана и достоинствена земја, рамо до рамо со најразвиените земји членки на безбедносниот сојуз, НАТО, земја која гради пријателства со соседите.
Чекориме исправени како народ и држава која опстојува на своите цели и идеали.
31 година оспорување и негирање, но стоички докажавме дека сме лојални и непоколебливи во својата кауза, да останеме свои, признаени од светот со сите посебности.
Пред нас е период на нови сериозни предизвици, но само обединети и сплотени заеднички ќе дојдеме до решенија.
Со посветеност, со многу работа и меѓусебно помагање ќе ја надминеме светската економска криза и последиците од неа.
Сега е време кога секој од нас треба да покаже зрелост, одговорност и државнички капацитет. Само така ќе продолжиме по патот на напредокот и ќе го оствариме аманетот на нашите предци - да ја чуваме и развиваме нашата заедничка Татковина.
Нека е честит и вековит Денот на независноста, се наведува во честитката на генералниот секретар Миле Зечевиќ.
Генерален секретар на СДСМ, Миле Зечевиќ __________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан