• понеделник, 23 декември 2024

Зехофер не ја прифати поканата на Шпан да се вакцинира со АстраЗенека

Зехофер не ја прифати поканата на Шпан да се вакцинира со АстраЗенека
Берлин, 1 април 2021 (МИА) - Германскиот министер за внатрешни работи Хорст Зехофер не ја прифати поканата на министерот за здравство Јенс Шпан да се вакцинира со вакцината на „АстраЗенека“. - Мојот одговор на повикот на Шпан е „не“. Не дозволувам никој да ми го наметнува своето мислење, изјави Зехофер за Билд, притоа наведувајќи дека не сака да ја оценува таа вакцина. Министерот Шпан на последната владина седница ги повика сите свои колеги постари од 60 години да се вакцинираат со вакцината на „АстраЗенека“, со цел да се зголеми довербата во таа вакцина. Покрај Зехофер, повикани се и канцеларката Ангела Меркел, вицеканцеларот и министер за финансии Олаф Шолц, министерот за економија Питер Алтмајер и министерот за развој Герд Милер. Шпан ги повика и покраинските премиери да се вакцинираат со „АстраЗенека“, со цел да се зголеми разнишаната доверба на граѓаните во оваа вакцина. паг/

Остани поврзан