• четврток, 12 декември 2024

Земјотрес со јачина од 7 степени според Рихтер во близина на Калифорнија

Земјотрес со јачина од 7 степени според Рихтер во близина на Калифорнија

Лос Анџелес, 5 декември 2024 (МИА) - Земјотрес со јачина од 7 степени според Рихтеровата скала вечерва ја погоди морската област во близина на северниот дел на американската сојузна држава Калифорнија, објави Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар.

Земјотресот се случил на длабочина од десет километри.

Епицентарот на земјотресот бил на 108 километри северозападно од градот Фортуна, кој има 12.000 жители, а најголем град во областа е Санта Роса, каде живеат околу 180.000 луѓе. рп/

 Фото: МИА архива

Остани поврзан