Земјотрес со јачина од 6,9 степени во близина на брегот на Папуа Нова Гвинеја
- Земјотрес со јачина од 6,9 степени според Рихтеровата скала е регистриран утрово во близина на брегот на Папуа Нова Гвинеја, објави Геолошкиот институт на Соединетите држави.

Порт Морзби, 5 април 2025 (МИА) - Земјотрес со јачина од 6,9 степени според Рихтеровата скала е регистриран утрово во близина на брегот на Папуа Нова Гвинеја, објави Геолошкиот институт на Соединетите држави.
Земјотресот бил во близина на островот Нова Британија, а предупредувањето за цунами било на сила кратко време. Нема информации за причинета штета.
Земјотресот бил во 6:04 часот по локално време, на околу 194 километри југоисточно од градот Кимбе.
Следеа два послаби земјотреси со јачина од 5,1 и 5,3 степени.
Земјотресите се вообичаени во Папуа Нова Гвинеја, архипелаг што лежи на „Огнениот прстен на Пацификот“. мс/
фото: МИА архива