• понеделник, 18 ноември 2024

Земјотрес со јачина од 5,9 степени според Рихтер го погоди главниот град на Колумбија

Земјотрес со јачина од 5,9 степени според Рихтер го погоди главниот град на Колумбија

Богота, 17 август 2023 (МИА) - Земјотрес со јачина од 5,9 степени според Рихтеровата скала ја погоди колумбиската престолнина Богота, информира Колумбискиот геолошки институт.

Потресот предизвика паника, па луѓето од канцелариите и рестораните веднаш излегоа на улиците.

Според Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, земјотресот се случил на длабочина од 14 километри, а неговиот епицентар бил на 18 километри северно од Вилависенсио, град со повеќе од 320.000 жители. ссм/

Остани поврзан