• понеделник, 23 декември 2024

Земјотрес со јачина од пет степени го погоди Јоханесбург

Земјотрес со јачина од пет степени го погоди Јоханесбург

Јоханесбург, 11 јуни 2023 (МИА) - Земјотрес со јачина од пет степени рано утринава го погоди Јоханесбург, најголемиот град во Јужна Африка, објави Американскиот геолошки институт (УСГС).

Според институтот кој ги евидентира земјотресите ширум светот, земјотресот во Јоханесбург се случил во 2.38 часот по локално време. Епицентарот бил на шест километри од Албертон, град во југоисточното предградие на Јоханесбург.

Засега нема извештаи за жртви или поголема материјална штета.

Земјотрес од таа јачина се смета за помал, но јасно се чувствува и може да предизвика помала штета на зградите.

Во Јужна Африка земјотресите се ретки. Последниот со магнитуда 5,0 или појак е забележан во 2014 година. паг/

Фото: МИА архива

 

 

 

Остани поврзан