Земјотрес со интензитет од 6,7 степени според Рихтеровата скала ја погоди Индонезија
- Епицентарот на земјотресот е регистриран на длабочина од 70 километри, околу 200 километри од градот Абепур, кој има повеќе од 62.000 жители.
Џакарта, 16 октомври 2025 (МИА) - Земјотрес со интензитет од 6,7 степени според Рихтеровата скала ја погоди денеска покраината Папуа во Индонезија, објави американскиот Геолошки завод (USGS).
Епицентарот на земјотресот е регистриран на длабочина од 70 километри, околу 200 километри од градот Абепур, кој има повеќе од 62.000 жители.
По земјотресот немаше предупредување за цунами, соопшти Тихоокеанскиот центар за предупредување од цунами.сд/
фото:МИА архива