Земјотрес со епицентар во Грција почувствуван во Прилеп и околината
- - Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Прилеп и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала, соопшти Сеизмолошката опсерваторија.
Скопје, 12 јануари 2026 (МИА) - Сеизмолошка опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, ноќеска, во 1.14 часот регистрира земјотрес, чиј епицентар потекнува од соседна Република Грција, на 116 километри југоисточно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML 2,9.
- Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Прилеп и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала - соопшти Сеизмолошката опсерваторија. лв/
фото: МИА архива