• петок, 21 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Земјотрес почувствуван вчеравечер во Демир Капија

Земјотрес почувствуван вчеравечер во Демир Капија

Скопје, 16 октомври 2024 (МИА) - Земјотрес со епицентар во подрачјето на Демир Капија, со Рихтерова локална магнитуда 2.2, е регистриран вчера во 18.35 часот, соопшти денеска Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

-Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван од населението на Демир Капија и околината, со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала, соопшти Сеизмолошката опсерваторија. хс/цр

Фото: МИА архива 

Остани поврзан