• недела, 22 декември 2024

Земјотрес почувствуван во Штип и околината

Земјотрес почувствуван во Штип и околината

Скопје, 28 јануари 2024 (МИА) - Земјотрес со интензитет од три степени според Европската макросеизмичка скала е регистриран вечерва во епицентралното подрачје Свети Николе-Штип. 

Земјотресот е регистриран во 18:38 часот и е почувствуван во Штип и околината.

Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје вечерва соопшти дека епицентарот на земјотресот е на 80 километри источно од Скопје, во епицентралното подрачје Св. Николе - Штип, со Рихтерова локална магнитуда 2.5. бак/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан