Земјотрес од 6,4 степени го погоди истокот на Индонезија, нема опасност од цунами
- Земјотрес со јачина од 6,4 степени денеска го погоди источниот дел на Индонезија, во провинцијата Папуа, соопшти Геолошкиот завод на САД (USGS).
Џакарта, 12 август 2025 (МИА) – Земјотрес со јачина од 6,4 степени денеска го погоди источниот дел на Индонезија, во провинцијата Папуа, соопшти Геолошкиот завод на САД (USGS).
Епицентарот на потресот бил на длабочина од 10 километри, околу 193 километри северозападно од градот Абепура во Папуа.
Пацифичкиот центар за предупредување од цунами објави дека нема опасност од поголема природна катастрофа. ссм/
фото: архива