Земјотрес од 5,1 степен по Рихтер ја погоди Тонга
- Земјотрес со јачина од 5,1 степен според Рихтеровата скала ја погоди денеска островската држава Тонга во Тихоокеанскиот океан, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар.
Нукуалофа, 28 декември 2025 (МИА) - Земјотрес со јачина од 5,1 степен според Рихтеровата скала ја погоди денеска островската држава Тонга во Тихоокеанскиот океан, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар.
Епицентарот на земјотресот бил на отворено море, на длабочина од 127 километри и на растојание од 178 километри од градот Неиафу.
Засега нема извештаи за повредени луѓе или причинета материјална штета. Не е издадено предупредување за цунами. рп/
Фото: МИА архива