• вторник, 05 ноември 2024

Земјотрес од 2,9 степени по Рихтер утрово регистриран во реонот на Пехчево

Земјотрес од 2,9 степени по Рихтер утрово регистриран во реонот на Пехчево
Скопје, 24 август 2022 (МИА) - Земјотрес со локална магнитуда од 2,9 степени по Рихтер е регистриран утрово во 7 часот и 34 минути на 115 километри источно од Скопје, кој потекнува од епицентралното подрачје Пехчево, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет. Според податоците на Опсерваторијата, интензитетот на земјотресот  е III степени според Европската макросеизмичка скала. Земјотресот бил почувствуван од населението во Пехчево, Берово и околината. хс/са/    

Остани поврзан