• петок, 22 ноември 2024

Земјотрес од шест степени го погоди јужниот дел на Гватемала, почувствуван и во Ел Салвадор

Земјотрес од шест степени го погоди јужниот дел на Гватемала, почувствуван и во Ел Салвадор

Гватемала Сити, 27 јануари 2024 (МИА) - Земјотрес со јачина од шест степени според Рихтеровата скала го погоди јужниот брег на Гватемала во Пацификот доцна синоќа, објавија странските агенции, повикувајќи се на сеизмолошката служба на Гватемала.

Земјотресот го потресе Гватемалскиот регион Ескуинтла, а беше почувствуван и во Ел Салвадор.

Засега нема информации за жртви или материјална штета.

Според германскиот истражувачки центар за геонауки, земјотресот бил со јачина од 6,1 степени, а неговата длабочина била 119 километри. паг/

Фото: МИА архива

 

 

Остани поврзан