• недела, 20 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Земјотрес од четири степени во поширокото подрачје на Лос Анџелес

Земјотрес од четири степени во поширокото подрачје на Лос Анџелес

Лос Анџелес, 2 мај 2024 (МИА) - Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтер синоќа го погоди поширокото подрачје на Лос Анџелес, соопшти Сеизмолошкиот институт на САД.

Земјотресот се случил во областа Корона, во близина на Лос Анџелес, објави Фокс.

Земјотресот бил почувствуван во пошироката област, западно до Лос Анџелес, Лонг Бич, округот Оринџ и Санта Кларита. паг/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан