• недела, 22 декември 2024

Земјотрес и во источна Турција

Земјотрес и во источна Турција

Анкара, 21 септември 2023 (МИА) – Земјотрес со јачина од 4,2 степени според Рихтеровата скала го погоди денеска источниот округ Ван во Турција, јави турската телевизија Си-Ен-Ен-Турк, повикувајќи се на Дирекцијата за управување со катастрофи и вонредни состојби (АФАД).

Земјотресот се случил во 17 часот и 43 минути по локално време во близина на границата со Иран.

Епицентарот бил во областа на турскиот град Баскале, на длабочина од седум километри под површината на земјата.

Нема информации за причинета материјална штета и повредени. јт/

Фото: МИА архива

Остани поврзан