• петок, 22 ноември 2024

Земјотрес во Корча почувствуван и во земјава

Земјотрес во Корча почувствуван и во земјава
Скопје, 30 мај 2020 (МИА) - Земјотрес чиј епицентар се наоѓа 165 километри југозападно од Скопје, а потекнува од пограничното епицентрално подрачје Корча, Албанија, попладнево е почувствуван во земјава. Ккао што соопшти Сеизмолошка опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, земјотресот е регистриран денеска во 17 часот и 35 минути. Земјотресот е со 3.5 степени по Рихтер, а бил почувствуван во југозападните делови во земјава со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала. дма/мч/

Остани поврзан