• недела, 22 декември 2024

Земјоделци од Кавадарци ќе добијат обесштетување за мрзнење на земјоделски култури во 2021 година 

Земјоделци од Кавадарци ќе добијат обесштетување за мрзнење на земјоделски култури во 2021 година 
Кавадарци, 7 март 2023 (МИА) - Земјоделци од Кавадарци ќе добијат обесштетување за мрзнење на земјоделски култури во 2021 година, информираа денеска од кабинетот на градоначалникот Митко Јанчев. Оттаму појаснија дека во април 2021, подрачјето на општината со населените места Ваташа, Возарци, Марена, Горниково, Глишиќ, Сопот, Шивец, Бошава, Дреново, Ресава и Раец, било зафатено од елементарна непогода предизвикана од дејство на пролетните ниски температури, проследени со мраз и слана, што предизвикале штети од мрзнење на повеќе видови земјоделски култури. 
 
- Затоа, Општина Кавадарци изготви елаборат за проценка на штета и истиот беше доставен до Владата на Република Северна Македонија. По разгледувањето од страна на Комисијата за проценка на штетата од елементарни непогоди, обезбедени се  5.139.737 илјади денари за кавадаречка ооштина, на 93 подносители, соопштија од кабинетот на Јанчев. 
 
Оттаму додадоа дека наредните денови, ќе се изврши распределба на средствата на оштетените поднесители. свд/ 
 
Фото: МИА

Остани поврзан