• понеделник, 23 декември 2024

Земјите од ЕУ годинава ќе обучуваат 30.000 украински војници

Земјите од ЕУ годинава ќе обучуваат 30.000 украински војници

Киев, 20 јуни 2023 (МИА) - Земјите од Европската унија ќе обучуваат 30.000 украински војници во 2023 година, објави украинското Министерство за одбрана, додека армијата на земјата започна контраофанзива насочена кон ослободување на териториите окупирани од Русија.

„Во 2023 година, во рамките на мисијата за воена помош на ЕУ за Украина, планирано е да се обучат 30.000 војници на украинските вооружени сили, вклучително и војници на Територијалните одбранбени сили“, се вели во соопштението на Министерството објавено на „Телеграм“. паг/

Фото: МИА архива

Остани поврзан