• понеделник, 23 декември 2024

Земјава има мал процент реинфекции, кои пред се се должат на непочитување на мерките, особено на оние кои веќе прележале, порача Караџовски

Земјава има мал процент реинфекции, кои пред се се должат на непочитување на мерките, особено на оние кои веќе прележале, порача Караџовски
Скопје, 17 март 2021 (МИА) - Сто и шестнаесет случаи на реинфекција се регистрирани во земјава заклучно со вчерашните податоци, од кои двајца се починати, информира денеска на прес-конференција претседателот на Комисијата за заразни болести, Жарко Караџовски, кој истакна дека смета оти ова се должи пред се на непочитување на мерките, особено на оние лица кои веќе го прележале вирусот и кои сметаат дека повторно не можат да заболат. -Будно следиме кој е процентот на јавување на оваа реинфекција, на некои 112 илјади позитивни, ако земете 116 реинфекции, тоа е 0,01 процент, што е релативно мал број на вкупниот број на позитивни, истакна Караџовски одговарајќи на новинарско прашање. Додаде дека не станува збор за невалидни тестови, 20 институции во државава имаат одобрение од Министерството за здравство да се занимаваат со дијагостика и да прават ПЦР тестови. -Верувам дека овие резултати што сме ги добиле како реинфекција голем дел се должат на непочитување на мерките или во крајна линија на оние лица кои мислат дека не можеле да се заразат, а имале контакт со лице, кое е можеби заразено со британскиот сој, рече тој. Појасни дека за британскиот сој карактеристично е дека 50 до 70 отсто побрзо се пренесува, веќе е верифициран во земјава, особено во поголемите градови како Скопје, Охрид, Прилеп. -Не може на населението да му кажеме дека ако ја прележале инфекцијата дека не може да имаат реинфекција, рече Караџовски и додаде дека вирусот има повеќе од четири илјади мутации. ац/

Остани поврзан