• петок, 20 декември 2024

Земан побара од БИС имиња на руски шпиони и операции во Чешка

Земан побара од БИС имиња на руски шпиони и операции во Чешка
Прага, 30 ноември 2020 (МИА) - Чешкиот петседател Милош Земан побара од локалната служба за безбедност БИС имиња на руски разузнавачи во Чешка, нивни чешки соработници и информации за разузнавачки операции „во живо“, објави чешкиот јавен радио сервис Радиожарнал.
Според Радиожарнал, овие барања се опасни за Безбедносната информативн аслужба, бидејќи доколку ги предаде на претседателот, чии најблиски соработници немаат проверка за тајни податоци, а имаат деловни и политички врски во Русија, таа ќе ги открие своите извори и детали за работењето во „живо“.
БИС, која ова необично барање од шефот на државата го доби оваа есен, побара од пратениците од Одборот за контрола на тајните служби да проценат дали таквите информации можат да бидат предадени на претседателот. паг/
         

Остани поврзан