• вторник, 19 ноември 2024

Зеленски утре ќе ги изнесе деталите од украинската мировна формула

Зеленски утре ќе ги изнесе деталите од украинската мировна формула

Њујорк, 19 септември 2023 (МИА) – Украинскиот претседател Володимир Зеленски во своето обраќање на Генералното собрание на ОН потсети дека презентирал нацрти на украинската мировна формула за време на неговото видео-обраќање на минатогодишното Генерално собрание на ОН.

Тој рече дека планира да ги изнесе деталите на утрешниот Совет за безбедност на ОН и оти повеќе од 140 земји и меѓународни организации целосно или делумно ја поддржале формулата.

- Украинската мировна формула станува глобална. Таа е подготвена да понуди решенија и чекори кои ќе ги решат сите форми на вооружување што Русија ги употреби против Украина и другите земји, посочи украинскиот претседател.

Зеленски првпат лично присуствува на годишна сесија на Генералното собрание на ОН откако Русија ја нападна неговата земја во 2022 година. јт/

Фото: ЕПА

Остани поврзан