Зеленски: Украинските сили зазедоа нови позиции во руската Курска област
- Зеленски не даде повеќе детали за кажаното, но додаде дека се фатени уште руски воени заробеници и би можеле да бидат искористени во евентуална идна размена. -Ви благодарам, борци! Ова е нешто што ќе донесе дома толку многу наши луѓе од руско заробеништво, рече Зеленски.
Киев, 29 август 2024 (МИА) – Украинските вооружени сили продолжуваат да ја зголемуваат територијата под своја контрола „по должината на границата со Украина“, како дел од инвазијата на руската Курска област, изјави претседателот Володимир Зеленски во своето редовно ноќно видео обраќање до сонароднциите, цитирано од ДПА.
Зеленски не даде повеќе детали за кажаното, но додаде дека се фатени уште руски воени заробеници и би можеле да бидат искористени во евентуална идна размена.
-Ви благодарам, борци! Ова е нешто што ќе донесе дома толку многу наши луѓе од руско заробеништво, рече Зеленски.
Украинските трупи ја нападнаа Русија на 6 август, правејќи изненадувачки упад во Курскиот регион.
Во своето најново обраќање Зеленски рече дека офанзивата, исто така, помага да се намали дел од притисокот врз украинските војници кои се борат во регионот на Доњецк, кој во моментов е епицентар на жестоки борби.
-Во спротивно, рече тој, силите на Киев таму би можеле да бидат ставени под уште поголем притисок.
Зеленски призна дека ситуацијата во регионот на Доњецк е „исклучително комплицирана“.
-Таму се концентрирани главните руски напори и нивните најголеми сили, рече тој.
Властите им наредија на жителите на Покровск, стратешки важен железнички град, да се евакуираат со оглед на напредувањето на руските трупи кои се приближуваат кон него. Меѓутоа, 38.000 луѓе, меѓу кои 1.900 деца, сè уште остануваат во градот.
Шефот на воената управа на Доњецк, Вадим Филашкин, најави дека од понеделник ќе бидат затворени сите филијали на банки во Покровск. Во градот ќе работат само банкомати.сд/
фото:Скриншот Х
Today, the Ukraine-NATO Council meeting was held. Our Minister of Defense briefed our partners on Ukraine’s most urgent needs—particularly air defense and the protection of critical infrastructure. The liquidation of the aftermath of the Russian ballistic missile attack on Kryvyi… pic.twitter.com/KT76MY8loZ
— Volodymyr Zelenskyy / Володимир Зеленський (@ZelenskyyUa) August 28, 2024