• петок, 22 ноември 2024

Зеленски: Русија најави дека утре ќе нè бомбардира

Зеленски: Русија најави дека утре ќе нè бомбардира
Киев, 6 март 2022 (МИА) - Украинскиот претседател Володимир Зеленски и се обрати на нацијата вечерва преку социјалните мрежи. Тој рече дека Русија утре ќе ја бомбардира Украина и повторно го критикуваше Западот дека санкциите не се доволни. - Русија официјално најави гранатирање на нашата територија утре. Нашите компании. Одбранбени комплекси. Повеќето од нив се во нашите градови, а цивилите се во близина. Тоа е убиство, едноставно убиство. И не видов некој светски лидер да реагира на тоа денеска, ниту еден западен политичар“. - Размислете за чувството на неказнивост што окупаторите го имаат за однапред да ги објавуваат своите ѕверства! Сето тоа затоа што нема реакција. Ниту еден збор. Како сите западни лидери да си заминаа денеска. Се надевам дека ќе го забележите тоа барем утре и ќе реагирате на тоа, рече во видео-пораката. - Одважноста на агресорите е јасен сигнал до Западот дека воведените санкции не се доволни. Не можете да се скриете од оваа реалност. Не можете да се скриете од новите убиства во Украина, рече Зеленски. - Во Ирпин денеска е убиено четиричлено семејство, родители и две деца додека се обидуваа да го напуштат градот. Нема да простиме. Нема да заборавиме. Ќе ги казниме сите што направија злосторства во оваа војна. Ќе го најдеме секој злобник што ги гранатираше нашите градови, нашите луѓе, кои испукаа проектили, кои даваа наредби, вели Зеленски. - Нема да имате мирно место на оваа земја - освен гробот, заклучи тој. Зеленски ја додели почесната титула Град херој на градовите Харков, Чернихив, Мариупол, Херсон, Хостомел и Волноваха. Тоа е референца на советската традиција: 12 градови на Советскиот Сојуз ја добија оваа титула по Втората светска војна. ссм/

Остани поврзан